ШТО ПИЕ НОВАК ЃОКОВИЌ СЕКОЕ УТРО? Ова е рецептот за неговото „магично“ смути
Новак и неговата сопруга Јелена многу внимаваат на нивната исхрана, а познато е и дека не консумираат намирници со глутен. Ѓоковиќ не отстапува од неговите навики, а една од нив е и пиењето еден специфичен напиток.
Тенисерот Новак Ѓоковиќ има здрави навики кои му го подобруваат перформансот, а меѓу нив е и едно интересно смути кое го пие буквално секое утро, без исклучок.
Јавноста е заинтересирана за секој сегмент од неговиот живот поради неговата огромна популарност.
Новак и неговата сопруга Јелена многу внимаваат на нивната исхрана, а познато е и дека не консумираат намирници со глутен.
Ѓоковиќ не отстапува од неговите навики, а една од нив е и пиењето еден специфичен пијалак.
Овој пијалак му е „верен“ речиси цела деценија. И вие може да го направите во вашите кујни, пишува Анфолд тудеј.
Едноставно за подготовка, нели?
Состојки:
– 2 зрели банани;
– 4 лажици чиа семе;
– 1 лажица ленено семе;
– 250 милилитри вода;
– 200 милилитри кокосово млеко (може и бадемово);
– 1 лажица протеински прав;
– 2,5 лажици какао;
– половина лажица цимет.
Подготовка:
Секој треба да ја определи количината на намирниците зависно од големината на неговиот блендер, само не треба да го смени нивниот сооднос.
Излупете ги бананите, преполовете ги и ставете ги во блендер. Ставете го кокосовото млеко и водата, па останатите состојки.
Ставете ги во блендер и вклучете го, па набргу ќе ја добиете компактната смеса која најдобриот тенисер со години ја пие секое утро.