КОГА ПО ТУНИС И КИНА ЌЕ ЈА НАЈДЕШ СРЕЌАТА ВО СЕЛО ГОРНА МАТКА Љубовта знае да биде навистина чудесна бајка

Оние кои ја сакаат Матка, а веројатно нема скопјанец кој не ја сака, изборот на ова мало семејство со интересна приказна, звучи и изгледа како остварен сон. Јасмин, Уран и Ласа живеат на својата фарма во село Горна Матка, а постарата ќерка Бинји, која го преферира градскиот живот, доаѓа таму за време на викендите, е задолжена за промоција на Матка Фарм на социјалните мрежи, како и за нови идеи за нови производи

1,532

Нашата соговорничка Јасмин, со сопругот Уран и помалата ќерка Ласа живеат на својата фарма во скопското село Горна Матка речиси 10 години, а пред неколку години решиле да ја основаат фармата кадешто тие и животните живеат во меѓусебна и во хармонија со природата.
А природата наоколу, од убава поубава, па веројатно затоа и сето она што го произведуваат таму и не може да биде поинакво. Животот во таа чиста и недопрена природа го делат со своите кокошки во дворот, со козите на фарматa, со препелици и пилиња, мачиња и кучиња, денови исполнети со многу работа, но и со многу среќа и вкуснотии.
Нивните домашни млечни производи, слатко, оригинални природни сапуни и креми за нега на кожата, но и многу интересни егзотични рецепти кои Јасмин ги донела од своите претходни места на живеење, Кина и Тунис. Сета оваа убавина е нешто за што многумина само сонуваат, а тие го реализирале и сега наместо да сонуваат, го живеат својот сон.

Целата приказна можете да ја прочитате на „Арт кујна“.

Поврзани содржини