АНТИФОСФОЛИПИДЕН СИНДРОМ Ретка состојба која е почеста кај жените отколку кај мажите
Ако не се лекува, АПС може да предизвика згрутчувања на крвта опасни по живот што можат да доведат до срцев удар или мозочен удар. Нетретираниот АПС во бременоста може да резултира со поголем ризик од спонтани абортуси и прееклампсија (висок крвен притисок за време на бременоста).
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…
АНТИФОСФОЛИПИДЕН СИНДРОМ (АПС)/ ANTIPHOSPHOLIPID SYNDROME (APS)
MKБ-10 D68.61
Преваленца
Антифосфолипидниот синдром е забележан кај приближно 40 – 50/100 000 население.
Антифосфолипидниот синдром е автоимуно нарушување кое го предизвикува формирањето на абнормални крвни згрутчувања. Автоимуните нарушувања се јавуваат кога имунолошкиот систем на телото создава антитела кои ги напаѓаат и оштетуваат сопствените ткива или клетки. Нормално, антителата го штитат телото од вируси или бактерии, но кај АПС-антителата ги напаѓаат здравите клетки на телото. Високите нивоа на АПС-антитела го зголемуваат ризикот од згрутчување на крвта. Специфичните антитела во АПС се нарекуваат „антифосфолипиди“ бидејќи напаѓаат и оштетуваат делови од клетките наречени фосфолипиди. Оштетувањето ја зголемува шансата да се формираат згрутчувања на крвта и во вените и во артериите.
Повеќе за ова ретко заболување прочитајте ТУКА.