ВО БЕРОВО СЕ ИЗМЕРЕНИ -5 СТЕПЕНИ УТРОВО Највисока снежна покривка има во Маврови Анови

Утрово по одделни котлини, особено во регионот на Повардарието, има магла со намалена хоризонтална видливост и до 50 метри.

111

Во Берово изутрина во 7.30 часот се измерени -5 степени, -4 во Битола, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, -2 во Прилеп, Штип, Куманово, Велес, Гевгелија, Демир Капија, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци. Нула степени се измерени во Охрид и Претор, 2 во Виница, 3 во Дојран и Маврови Анови, 4 во Крушево и 5 степени на Попова Шапка.

Како што информира УХМР, снежна покривка од 14 сантиметри има во Маврови Анови, а на Попова Шапка 1 сантиметар.






Во текот на ноќта времето беше ведро и студено. Утрово по одделни котлини, особено во регионот на Повардарието, има магла со намалена хоризонтална видливост и до 50 метри.

 

Поврзани содржини