КОЛКУ НЕВИНИ СЕ КОЛАТ ВО НАШИОВ СВЕТ! Папата Франциск повика на мир во божиќното обраќање
Папата Франциск рече дека децата умираат во војни, вклучително и во Газа и дека израелските напади жнеат „страшна жетва“ на невини цивили.
Во својата божиќна порака од балконот на базиликата Свети Петар папата Франциск повика на прекин на конфликтите, политички, социјални или воени, на многу места во светот, меѓу кои во Израел, Украина, Сирија, Јемен, Либан, Ерменија и Азербејџан и ги бранеше правата на мигрантите ширум светот.
– Колку невини се колат во нашиот свет! Во утробите на нивните мајки, на патувања во очај и во потрага по надеж, во животите на сите оние мали чии детства биле уништени од војната – рече папата.
Папата се осврна конкретно на Газа, каде што според палестинските здравствени власти под контрола на Хамас, најмалку 70 лица загинаа во нападот претходната ноќ
Папата Франциск рече дека децата умираат во војни, вклучително и во Газа и дека израелските напади жнеат „страшна жетва“ на невини цивили. Во своето божиќно обраќање папата го нарече „гнасен“ нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври и повторно апелираше за ослободување на околу 100 заложници кои се уште се наоѓаат во Газа.
– Нека дојде мир во Израел и Палестина, каде војната ги уништува животите на тие народи. Ги прифаќам сите нив, особено христијанските заедници во Газа и целата Света земја – рече папата.
Папата повика и на решение за „очајната хуманитарна ситуација“ во Газа.
Претходно, телото поддржано од Обединетите нации соопшти дека сите 2,3 милиони жители на Газа се соочуваат со критични нивоа на глад и дека ризикот од глад се зголемува секој ден.