МОЖНИ СЕ ПРОТЕСТИ АКО НЕ ДОБИЕМЕ ЧЛЕН ВО ДИК Касами предупреди дека Џафери го игнорира правото на албанската опозиција

Во меѓувреме и партијата Алијанса за Албанците настојува дека празното место во ДИК ѝ припаѓа нејзе бидејќи другите опозициски партии веќе имаат претставници, додека ВМРО-ДПМНЕ најави дека доколку местото не биде пополнето со член на албанскатa опозиција тогаш ќе ги повлече своите претставници. Премиерот Ковачевски повика ДИК да се комплетира како што е регулирано во законот.

773

Првиот човек на партијата Беса, Билал Касами, најави дека нема да дозволи да се оди на избори без партија од албанската опозиција на добие член во Државната изборна комисија(ДИК). Освен Беса, на местото претендира и партијата Алијанса за Албанците со образложение дека другите партии веќе имаат член.

– Претседателот на Собранието и мнозинството се обидуваат да го игнорираат оваа право на (албанската) опозиција. Секако дека ќе се создаде многу длабок дисбаланс. Сметаме дека оваа право мора да се исполни бидејќи законот е јасен и тоа го кажува и самиот претседател на Собранието, кој не испратил барање до партијата Алијанса за Албанците. Но истовремено испратил барање до две партии кои не беа дел од последните парламентарни избори, а тоа што го бара законот е многу јасно – изјави Касами за медиумите.






Во меѓувреме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера од Свети Николе најави дека доколку местото не биде пополнето со член на албанскатa опозиција тогаш ќе ги повлече своите претставници.

Премиерот Димитар Ковачевски е на став дека ДИК треба да се комплетира. Прашан за вчерашната изјава на Мицкоски, Ковачевски одговори:

– Парламенот и Комисијата за прашања и за избори и именувања треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК – објасни Ковачевски.

Испразнетото место за член на ДИК продолжува да биде под знак прашалник.

 

 

Поврзани содржини