ТРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА Повредени се шест лица

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „ауди“ констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

242

Синоќа околу 23 часот во скопската населба Кисела Вода во сообраќајна несреќа повредни се 6 лица.

Како што информираа од МВР, несреќата се случила на крстосницата од бул. Борис Трајковски и ул. Народни Херои помеѓу три возила: патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од 43 годишен скопјанец и возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од лице на возраст од 41 година од селото Батинци.






Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „ауди“ констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Поврзани содржини