🎥 ПРЕД ОЧИТЕ Ѝ ГИ УБИЛЕ РОДИТЕЛИТЕ, А ПОТОА ТЕРОРИСТИТЕ ЈА ЗАРОБИЛЕ ВО ГАЗА Судбината на 4-годишното девојче од Израел кое 50 дена беше заробено од Хамас, го потресе светот

Израелско-американското девојче во неделата беше ослободено во рамките на договорот за размена меѓу Израел и Хамас, заедно со другите Израелци што беа земени како заложници по нападот на 7 октомври.

1,437

Тоа што го преживеала 4-годишната Абигејл Едан во изминатите 50 дена тешко кој може да го поднесе. Израелско-американското девојче во неделата беше ослободено во рамките на договорот за размена меѓу Израел и Хамас, заедно со другите Израелци што беа земени како заложници по нападот на 7 октомври. Потресната приказна за несреќната судбина на малото девојче што ја објавија американските медиуми, го потресе светот.

Пред да биде киднапирана од терористите на Хамас, малата Абигејл ги загубила родителите кои биле убиени пред нејзини очи.






Кога почнал нападот, Абигејл била во својот дом во близина на Појасот Газа заедно со другите две деца на семејството, на 6 и на 9-годишна возраст, кога терористите упаднале и пред очите на трите деца ја застрелале нивната мајка. Кога таткото се обидел со своето тело да ја заштити својата ќерка, и тој бил застрелан. Двете поголеми деца преживеале криејќи се во плакарпт, каде што издржале 14 часа пред да бидат спасени. Малата Абигејл за која првично се мислело дека е исто така мртва, се извлекла од под трупот на татка си и потоа истрчала до куќата на еден сосед, цитира Вашингтон пост роднина на девојчето.

Терористите таму го грабнале детето и заедно со семејството од соседството и други цивили го однеле во Појасот Газа. Минатиот петок Абигејл наполни четири години во заробеништво. А во неделата таа беше ослободена прва од американските заложници.

 

 

-Голема радост е да ја видиме кај нас, но од друга страна е и тажно што се враќа во реалноста во која веќе нема родители. Таа нема родители, но има цела нација која ја прегрнува и ние ќе се грижиме за сите нејзини потреби – изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Times of Israel пренесува дека роднините на малата Абигејл изразиле големо олеснување и благодарност по нејзиното ослободување. Тие потврдиле дека таа заедно со другите две деца ќе живеат заедно кај нивните роднини во Израел.

пред 19 минути
Поврзани содржини