Искорната дрвена бандера најдоа граѓаните утрово на улицата Никола Тримпаре во Центар. Наоколу лежеа искинати кабли.
Уште една оштетена бандера и навалена има кај контејнерите до училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Двајца полицајци утрово го обезбедуваа местото и се чудеа кој и како можел да ја искорне бандерата и да ја влече десетици метри.
Под претпоставка дека некој камион утрово или во текот на ноќта ја собрал бандерата тие се интересираа дали околните жители виделе нешто.