МИЦКОСКИ БАРА ПОБЕДА СО 61 ПРАТЕНИК Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека убедливо ќе победи на двојните избори

254

Победа на следните двојни избори, претседателски и парламентарни избори е нашата крајна цел, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Битола во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

– Веста која сакам да ја кажам е одлична, а тоа е дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претседателските избори, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата убедливо ќе победат на парламентарните избори. Нема веќе сила која тоа ќе го спречи. Никој не победил народ. Важно е таа победа да биде историска, да биде со 61 пратеник, таква победа ни е потребна за реформи, за проекти за трансформација на Македонија – порача Мицкоски.






Мицкоски посочи дека во следните избори не се избори на кои ќе се профилира трета опција.

– Следните избори се избор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Миле Зечевиќ. Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ. Секој кој ќе кажува дека бирате трет пат, тој сака само да ги раздели антивладините гласови и да ја клекне Македонија. Заедно да не дозволиме, заедно 61 пратеник во македонскиот Парламент. Изборот е помеѓу оние кои ги распродадоа македонскиот идентитет и достоинство, оние кои прифатија бугарски диктат и ја клекнаа Македонија на колена и оние 44 јунаци, дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои и покрај сите притисоци останаа достоинствени и ја бранат Македонија. Следните избори се референдумска одлука за Македонија, како сакаме да ја гледаме Македонија. Дали сакаме да ја гледаме осиромашена и засрамена или Македонија просперитетна, европска и држава која се грижи за сите свои граѓани. Ова е единствената можност да покажеме дека тогаш кога било најтешко македонскиот народ се обединил и застанал заедно со ВМРО-ДПМНЕ кое е идентитетот на македонскиот народ – рече Мицкоски пред битолчани.

 

Поврзани содржини