„СО ЧЕБРЕН ЌЕ ЗАШТЕДИМЕ 100 МИЛИОНИ ЕВРА“ Вие објавивте 11 тендери за истата хидроцентрала, сите неуспешни, одговара СДСМ на нападите на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен – посочува СДСМ.

127

Проектот „Чебрен“ е огромен енергетски капацитет кој позитивно ќе влијае на енергетската независност на земјава. Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, реагира СДСМ на нападите на опозицијата за тендерот за изградба и концесионирање на хидроцентралата Чебрен,

„ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира. Со успешната постапката којашто ја спроведе СДСМ заштеди 100 милиони евра, пари на граѓаните.






Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.

СДСМ, со измена на таа одлука го внесе Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен. Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните“ – се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

Поврзани содржини