ПОЧИНА РАДИША МИЉКОВИЌ ОД „ГОЛЕМИОТ БРАТ“ Радашин беше ѕвезда на српските реални шоуа
Учесникот на српските реални програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ, попознат како Радашин, почина синоќа во родното село Љуптен.
Учесникот на српските реални програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ, попознат како Радашин, почина синоќа во родното село Љуптен.
Тажната вест за Блиц ја потврди и неговиот кум.
„Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, рекол кумот на Радашин за „Пулс“.
Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа.
Последните денови од животот ги поминал во родното село со сопругата Златка, синот, снаата и внуците.
Многумина коментираа дека неверојатно личи на актерот Радош Бајиќ, поради што го нарекоа негов двојник.
Неговите изјави станаа вирални, а по „Големиот брат“ се испроба и во „Фарма“.
Потоа не ја продолжи својата ријалити кариера, а се шпекулираше дека настапувал и танцувал по клубови.
Радашин потоа се вратил во родното село, каде што се занимавал со земјоделство.
– Сега се занимавам со земјоделство и градежни работи. Не е лесно, фасадата паѓа во очи, а тука жени колку сакаш, но не сакам повеќе да бидам во реално шоу. Треба да се обврзам на две години, да го правам тоа што ми е кажано, но не сум подготвен за тоа. Решив да се посветам на семејството, неодамна го добив шестото внуче, на ред сум да се грижам за нив – изјави претходно Радиша Миљковиќ.