ЗОШТО ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ ГИ ПОКРИВААТ ШЛЕМОВИТЕ? Минцефетот носи поголема безбедност, но и традиција

Станува збор за специфична обвивка за воениот шлем, која израелските одбранбени сили (ИДФ) ја користат од 1994 година и која игра важна улога во камуфлажата, безбедноста и борбената ефикасност.

2,419

Израелските војници лесно се препознаваат по уникатната опрема позната како мицнефет. Станува збор за специфична обвивка за воениот шлем, која израелските одбранбени сили (ИДФ) ја користат од 1994 година.

Тие се поголеми од „обичните“ воени шлемови што ги носи пешадијата и наликуваат на капите што ги носат готвачите. Мицнефетите играат важна улога во камуфлажата, безбедноста и борбената ефикасност.






Имено, тие се дизајнирани да го „разбијат“ она што инаку би бил карактеристична силуета на човечка глава со шлем, што им отежнува на снајперистите да ги погодат израелските војници.

Покрај тоа, мицнефетот ја спречува рефлексијата на светлината, што дополнително помага во процесот на камуфлажа. А има и историско значење. Како што пишува порталот CooPWB, терминот мицнефет е изведен од наметката за глава што некогаш ја носел еврејскиот првосвештеник во Светиот храм во Ерусалим. Неговото име доаѓа од семитски корен што значи – завиткување.

Во овој контекст, историската длабочина на мицнефет оди подалеку од воените тактики. Неговото име, длабоко вкоренето во еврејската историја, служи како потсетник за историските, културни врски и традиции кои ги обликуваат израелските одбранбени сили. Не се работи само за безбедност, туку за идентитет.

EPA-EFE/ATEF SAFADI

Мицнефетот изворно го усвои израелската војска во 1990-тите во борбите против либанските герилци поддржани од Иран во конфликтот во Јужен Либан. Подоцна доби двостран камуфлажен материјал – едната страна беше прилагодена за пустински средини, а другата за шумски терен.

Се разбира, во согласност со технолошкиот напредок, минцефет сега има и модерна верзија со MultiCam.

Поврзани содржини