ИЗРАЕЛ НАПАЃА АЕРОДРОМИ ВО СИРИЈА? Врие ситуацијата на Блискиот Исток

Нападите биле насочени кон аеродромските писти, што резултирало со нивно онеспособување, а двата аеродроми во Дамаск и во Алепо се привремено вон функција.

1,485

Израелски воени авиони нападнале аеродроми во сириските градови Дамаск и Алепо, според засега сѐ уште официјално непотврдени информации.

Според прелиминарните извештаи, нападите биле насочени кон аеродромските писти, што резултирало со нивно онеспособување, а двата аеродроми се привремено вон функција.






Засега не е објавен официјален извештај за овој инцидент и затоа недостасуваат детали и информации кои би ги потврдиле причините и околностите за овие наводни напади.

Инцидентот доаѓа откако израелската армија во вторникот на својот официјален профил на социјалните мрежи објави дека снимила неколку лансирања на проектили од сириска кон израелска територија. Некои од тие проектили ја преминале границата и паднале на отворено.

Поврзани содржини