МАКЕДОНИЈА ДА СИ ЈА НАПИШЕ ДОМАШНАТА ЗАДАЧА Германската амбасадорка во Софија вели дека е сведок на трпението на Бугарија

Верувам дека и Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го направи тоа што кажала дека ќе го направи, вели амбасадорката Планк.

1,844

За Северна Македонија ќе биде придобивка да се присоедини кон ЕУ, но тие треба да си ја напишат домашната задача и да се придржуваат кон договорите, изјави во интервју за БГНЕС германската амбасадорка во Бугарија Ирене Марија Планк.

Таа вели дека е сведок на напорите на бугарските власти да го задржат сегашниот пријателски тон, да се занимава со реални прашања без инсистирање на минатото.






– Верувам дека и Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го направи тоа што кажала дека ќе го направи  – вели Планк.

Амбасадорката истакнува дека Бугарија и Македонија се блиски соседи и дека би било од корист „сите да продолжиме напред“.

Поврзани содржини