ИЗРАЕЛ НАПАДНАТ И ОД СИРИСКА ТЕРИТОРИЈА Неколку гранати истрелани од југот на Сирија

Во објавата се вели дека израелската армија одговорила со артилериски и минофрлачки оган.

707

Израелската армија на социјалната мрежа „Х“ (Твитер) објави дека е нападната вечерва од територијата на Сирија.

Според извештаите, неколку гранати биле истрелани од Сирија.






– Евидентирани се неколку лансирања од сириска кон израелска територија. Некои од нив преминале на израелска територија и очигледно паднале на отворен простор – наведува израелската војска (ИДФ).

Во објавата се вели дека ИДФ одговорила со артилериски и минофрлачки оган.

Како што јави „Ројтерс“, извор од југот на Сирија изјавил дека палестинската фракција истрелала три ракети кон Израел.

Поврзани содржини
na