📽БУРАТА ДАНИЕЛ ЈА ОПУСТОШИ ЛИБИЈА Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а 6.000 се водат за исчезнати

Црвената полумесечина на Бенгази претходно процени дека во Дерна загинале од 150 до 250 луѓе.

475

Се стравува дека има илјадници мртви во Либија откако бурата Даниел донесе толку многу дожд во североисточниот дел на земјата што две брани се урнаа во еден регион, потопувајќи цели села. Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во градот Дерна, каде што се урнаа браните.

– Се урнаа три моста. Водата однесе цели населени места во морето – изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.






Меѓу исчезнатите се и седуммина либиски војници кои учествувале во спасувањето.

Според Си-Ен-Ен, овие бројки не можат да се проверат независно, а Мисари не наведе извор за бројките на загинатите и исчезнатите. Црвената полумесечина на Бенгази претходно процени дека во Дерна загинале од 150 до 250 луѓе.

Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“.

Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата.

Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“.

Поврзани содржини