ПРВАТА ПОКРСТЕНА ХРИСТИЈАНКА ВО ЕВРОПА БЕШЕ МАКЕДОНКА Операта „Лидија од Македонија“ во ново руво во НОБ на 16 септември

Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.

608

Првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Оваа историска и библиска тема е обработена во операта „Лидија од Македонија“. Сега, операта во ново руво ќе игра во македонската Национална опера и балет(НОБ) на 16 септември во 20 часот. Со тоа ќе биде и отворена новата сезона на НОБ.

Се работи за една од најубавите македонски опери „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер е Пламен Карталов (Бугарија), а обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.






Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.

Во главните улоги ќе настапат: Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Поврзани содржини
na