ГРАЃАНИТЕ ПОМАЛКУ КУПУВААТ ХРАНА Статистика забележа реален пад од 13% во трговијата на храна и на пијалаци
Во групите трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 1,5 %, а реално опаѓа за 6,5 % и во трговијата на мало со автомобилски горива номинално опаѓа за 20,6 %, а реално расте за 5,5 %.
Реален пад од 13% е забележан во трговијата на мало со храна и пијалаци, регистрира Државниот завод за статистика во јули. Номиналнит пад во овј сектор е 4,2%.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2023 година, во споредба со јули 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7,6 %, а реално за 0,5 %.