САД ГИ ЕВАКУИРААТ СВОИТЕ ГРАЃАНИ Се влошува безбедносната ситуација на Хаити

Ескалацијата на војната меѓу криминалните банди на Хаити стана причина за хуманитарна криза, околу 200.000 луѓе се внатрешно раселени, а на околу 5,2 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош.

816

Американската амбасада на Хаити ги повика американските граѓани да ја напуштат карипската земја „што е можно поскоро“, наведувајќи ја влошената безбедносна ситуација на Хаити.

„Американските граѓани на Хаити треба да ја напуштат земјата што е можно поскоро со комерцијален или приватен превоз“ – се вели во соопштението на американското дипломатско претставништво.






Ескалацијата на војната меѓу криминалните банди на Хаити стана причина за хуманитарна криза.

Според Обединетите нации, околу 200.000 луѓе се внатрешно раселени, а на околу 5,2 милиони луѓе (речиси половина од населението на Хаити) им е потребна хуманитарна помош.

Поврзани содржини