УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ ШЕСТ РУСКИ РЕГИОНИ Најголем координиран напад врз руска територија досега
Во Псков, каде беа оштетени четири руски воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата.
Утринава украински беспилотни летала гаѓале шест руски региони во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната, пренесува Радио слободна Европа.
Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата.
Непотврдени извештаи наведуваат дека меѓу 10 и 20 дронови го нападнале аеродромот.
„Неколку беспилотни летала беа соборени над Ориол, Брјанск, Рјазан, Калуга и московскиот регион околу руската престолнина“, соопшти министерството за одбрана на Русија.
И Русите силно ја напааднаа Украина утринава.
Две лица загинаа од урнатините што паднаа по големиот напад на руски ракети и беспилотни летала врз Киев, објави локалната воена администрација.
„Како резултат на урнатините што паднаа во квартот шевченковски во Киев, според првите извештаи загинаа две лица“, напиша на телеграм шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко.
„Киев нема доживеано толку силен напад од пролетта“, додаде Попко.