ЛЕВИЦА ГО ОСУДИ КОСОВО ЗА КРШЕЊЕ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО Наместо да го екстрадира Приштина го ослободи Алил Демири за убиството кај Смилковското Езеро
Последните настани, како и бројни инциденти претходно, додаваат од Левица, „само ја потврдуваат великоалбанската политика, која повеќе не е израз само на маргинализирани групи, туку на официјални државни политики, како кај министрите етнички Албанци во Македонија, така и од другата страна од границата.“
Левица изразува силна осуда, како до косовските власти за грубото прекршување на меѓународното право, билатералните договори и нарушувањето на суверенитетот на Македонија во последните неколку случувања, така и до домашната, како што велат, квислиншка власт, која дозволува сето ова да помине без никаква осуда или соодветна реакција.
Деновиве беше објавено дека судот во Приштина наместо да го екстрадира одлучил да го пушти на слобода Алил Демири, кој еден од осудените на доживотна казна затвор за громорозното петкратно убиство кај Смилковското езеро.
„Оваа одлука на косовскиот суд е спротивна на меѓународното право, бидејќи Министерството за правда, според нашите информации, нема добиено никаков одговор за барањето за екстрадицијата на Демири, поднесена уште во 2018. Според тоа, екстрадицијата сѐ уште активна, а косовскиот суд, по секоја основа мораше да го екстрадира во Македонија! Со ова, Косово ги прекрши Договорите за Екстрадација и Трансфер на осудени лица со Република Македонија потпишани во 2011 година.
Ова не е изолиран потег на крајно непочитување и флагрантно провоцирање на Македонија, како и нарушување на македонскиот суверенитет од страна на косовските власти! Само пред неколку недели, на непоканетата посета на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и во Тетово, се вееја знамиња на голема Албанија и комплетно се игнорираа државните инсигнии на Македонија, со што директно се наштетува на унитарноста и угледот на Републиката“, се наведува во реакцијата на Левица.
Последните настани, како и бројни инциденти претходно, додаваат од партијата, „само ја потврдуваат великоалбанската политика, која повеќе не е израз само на маргинализирани групи, туку на официјални државни политики, како кај министрите етнички Албанци во Македонија, така и од другата страна од границата.“