АЛИЛ ДЕМИРИ ПРИВЕДЕН ВО КОСОВО Тој е еден од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Алил Демири е приведен врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „Тероризам“ предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското Езеро.

736

Косовската полиција во соработка со македонската полиција го приведе Алил Демири, обвинет за петкратното грозоморно убиство кај Смилковското Езеро, соопшти МВР.

„Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело ‘Тероризам’ предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското Езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија“, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини