БИЛ И ВО БУГАРСКИ ЛОГОР И ВО МАКЕДОНСКИ ЗАТВОР На денешен ден е роден Методија Андонов Ченто

Во книгата за Ченто напишана од Фиданка Танаскоа се вели дека тој Бугарите отпрвин го затвориле во 1942 година со калфата Борка Јорданоски и ортакот Крумен Волнаорски затоа што ги помагале партизаните. Непријателите дознале дека Ченто на партизаните им испраќа храна и помош по тајни канали. Во куќата на Ченто властите го наоѓаат Уставот на Советскиот Сојуз.

1,489

Малку е познато дека првиот македонски претседател Методија Андонов-Ченто, кој починал поради болест здобиена додека лежел во скопскиот затвор во Идризово, бил и неколку пати затворан од бугарските власти во текот на Втората светска војна. Фотографија од неговото интернирање во бугарскиот лого Чучулигово близу Петрич од 1943 година покажува како тој работел тешки физички работи.

Ченто бил роден на денешен ден во близина на сегашниот градски стадион во Прилеп, една година пред Илинденското востание, како чедо на Андон и Захарија.






Во книгата за Ченто напишана од Фиданка Танаскоа се вели дека тој Бугарите отпрвин го затвориле во 1942 година со калфата Борка Јорданоски и ортакот Крумен Волнароски затоа што ги помагале партизаните. Непријателите дознале дека Ченто на партизаните им испраќа храна и помош по тајни канали.

 

Во куќата на Ченто властите го наоѓаат Уставот на Советскиот Сојуз. Ченто успева да избега од битолските зандани. Есента истата година тој бил и на список за отстрел во групата која требало да биде во Дабница. Бргу потоа Ченто се крие по разни места во тиквешкиот крај за потоа да дојде во Скопје и на средба со Кузман Јосифовски Питу да му биде предложено веднаш да се приклучи на партизанското движење.

Познато е како Ченто на средбите на президиумот на АСНОМ бил во отворен конфликт со Светозар Вукмановиќ-Темпо, пратеник од Србија. Тој му рекол на Темпо да не се меша во работата бидејќи не е член.

Против Ченто бил отворен монтиран случај и тој бил ставен во специјална ќелија во Идризово. Бил пуштен од затворот поради нарушено здравје и рак на желудникот. Му пишал на Јосип Броз-Тито и побарал помош за да се лекува во странство. Барањето било одбиено.

Ченто се имал сретнато со Тито во мај 1944 година Ченто заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушевски на островот Вис каде побарале директно обединување на Македонија со Пиринскиот и Егејскиот дел.

Во историските записи е запишана неговата изјава:

„За да се спечали слободата има само еден пат: борба која може да има само една форма: општо оружано народно востание!“

ТИ ТЕМПО ДА НЕ СЕ МЕШАШ ВО МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ! На денешен ден починал Методија Андонов Ченто

 

Поврзани содржини