📷ЕВЕ ЗОШТО СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е НАЈВЕРЕН ПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕКОТ Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, која почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

584

Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021″ од Кавадарци.

– Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери. Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде…Срце да ти се крши! – посочија од Здружението.






Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, која почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

Поврзани содржини