📽 ДАДОВ ДВА ГОЛА, А ДРУГ Е МВП! Урнебесна реакција на Роналдо, откако Миленковиќ-Савиќ беше прогласен за најдобар играч на финалето

Португалската суперѕвезда постигна два погодоци против Ал Хилал и направи разлика на дербито на кое имаше и голем број европски ѕвезди, меѓу кои и лидерот на Лацио во изминатите неколку сезони.

656

Титулата од Арапскиот Куп на шампиони замина во рацете на играчите на Ал Наср, а најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо кој се погрижи за пресврт со два гола во финалето.

Португалската суперѕвезда постигна два погодоци против Ал Хилал и направи разлика на дербито на кое имаше и голем број европски ѕвезди, меѓу кои и лидерот на Лацио во изминатите неколку сезони.






Сергеј Милинковиќ Савиќ по крајот на одиграните 120 минути беше избран за играч на мечот од страна на организаторот и ја понесе МВП титулата, епилог кој не му се допадна на Кристијано Роналдо.

Двојниот стрелец во финалето не можеше да поверува дека овој трофеј не завршува во негови раце, па во моментите кога се доделуваше истиот, се бунеше кај делегатот.

Роналдо јасно објаснуваше како може трофејот да не заврши кај него, па со рака даваше аргументи и за двата постигнати гола.

 

Поврзани содржини