ОБЈАВЕНИ ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ Во војната во Украина досега се убиени 499 деца, над 1590 се повредени

Последните жртви се две деца на возраст од 13 и 15 години кои беа повредени при гранатирањето на областа Очакив во регионот на Миколаев и едно 14-годишно момче кое беше рането за време на гранатирањето на градот Купјанск. Двата напади беа извршени на 8 август.

460

Надлежните институции во Украина објавија застрашувачки бројки за најмладите жртви од 18-месечната руска инвазија на земјата.

Според соопштението од Канцеларијата на главниот обвинител на Украина, во војната досега загиначе 499 деца, а повеќе од 1590 се повредени.






фото: EPA/ROMAN PILIPEY

 

Последните жртви се две деца на возраст од 13 и 15 години кои беа повредени при гранатирањето на областа Очакив во регионот на Миколаев и едно 14-годишно момче кое беше рането за време на гранатирањето на градот Купјанск. Двата напади беа извршени на 8 август.

Поврзани содржини