Сопственикот на Х (претходно „Твитер“), Илон Маск со објава на неговата социјална мрежа ја потврди борбата против Марк Закерберг.
Тој во објавата изјави: „Зак против Маск ќе се емитува во живо на X. Сите приходи ќе бидат наменети за хуманитарна организација за ветераните“.
Станува збор за тепачка во кафез со извршниот директор на „Мета“.
Претходно, Маск изјави на X дека „крева тегови во текот на денот, се подготвува за борба“, додавајќи дека „тоа е цивилизирана форма на војна. Мажите сакаат војна“.
„Мета“ не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар на објавата на Маск.