(ВИДЕО) МРАК НАСРЕД ДЕН ВО БЕЛГРАД Ужасно невреме, молњи, дува силен ветер
За половина час градот бил поплавен. Автомобили уште се заглавени на улица, а луѓе се качуваат на хаубите за да се спасат од поројните дождови.
Силно невреме денеска од 13.40 часот го зафати Белград, со обилен дожд проследен со силен ветер и град со големина на џамлии што предизвикало поплави по улиците, поради што трамвајскиот сообраќај е во прекин.
Сообраќајот е значително забавен, а водата продрела и во многу станови. Градското сообраќајно претпријатие ја исклучило мрежата, па во градот не сообраќаат трамваи и тролеjбуси.
За половина час градот бил поплавен. Автомобили уште се заглавени на улица, а луѓе се качуваат на хаубите за да се спасат од поројните дождови.
Во некои делови од градот паѓал град со големина на цреша, а на улиците се формирале големи бари поради кои сообраќајот се одвива отежнато.
Српските медиуми нјавуваат дека дувал и исклучително силен ветер.
– Звукот на градот што татне низ симовите од прозорецот е застрашувачки! Никогаш не сум слушнал вакво нешто. Се стемни за секунда – велат жителите на Белград.
Од Итна помош велат дека засега немаат интервенции поради невремето.
фото и видео: Блиц.рс
View this post on Instagram