КАНЦЕРОГЕН ЧИПС УНИШТЕН ВО ХРВАТСКА Опасната супстанца се вика акриламид
Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.
Високо ниво на канцероген акриламид е пронајден во чипсот со вкус на пиперка кој патувал од Србија, објавено е на веб-страницата на Европската комисија на 2 август.
Земја којашто пријавила е Хрватска, каде што е уништен, стои на веб-страницата на европскиот систем за рано предупредување.
Како што објавија некои медиуми, Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.
Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и во кафе.
Во соопштението на српското Министерството за земјоделство, се наведува дека по добиеното известување за зголемено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонредна контрола на погонот за производството на спорниот производ.
„Контролата е во тек и по добивањето на резултатите од анализите ќе објавиме подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција“, велат од Министерството.
Што е акриламид?
Акриламид е хемикалија која првенствено се користи за производство на супстанции што се користат во многу индустриски процеси, како што се производство на хартија, боја и пластика, како и за третман на вода за пиење и отпадни води, вклучително и во канализацијата. Го има и во производите за широка потрошувачка, како што се пакувањата за храна и во некои лепила. Акриламидот а го има и во чадот од тутунот.
Која храна содржи акриламид?
Штетната супстанца е најзастапена во помфритот и во чипсот, крекери, леб и бисквити, житарки што ги јадеме за појадок, конзервираниите црни маслинки, сок од суви сливи и кафе. Нивото на акриламид во храната многу варира во зависност од производителот, времето на подготовка на храната, методот и температурата во текот на процесот.
Значи, да речеме, пократко готвење, т.е. пржење храна, бланширање на компири пред пржење доведува до помала содржина на акриламид во некои намирници. Во исто време, луѓето се изложени на акриламид значително повеќе од чад од тутун отколку од храна.
Која е врската помеѓу акриламидот и ракот?
Студиите кај глодари покажале дека изложеноста на акриламид го зголемува ризикот од неколку видови на рак. Акриламидот се претвора во телото во соединение наречено глицидамид, кое предизвикува мутации и оштетување на ДНК. Сепак, бројни човечки студии не пронајдоа доследни докази дека диететската изложеност на акриламид е поврзана со зголемен ризик од било кој тип на рак.
Но, една од причините за овие неконзистентни наоди од човечки студии може да биде тешкотијата во одредувањето на внесот на акриламид во исхраната на една личност. Токсиколошките студии покажаа дека луѓето и глодарите не само што го апсорбираат акриламидот со различни стапки, туку и различно го метаболизираат.
Од друга страна, студиите за професионална изложеност покажаа дека високите нивоа на професионална изложеност на акриламид (вдишување) предизвикува невролошки оштетувања. На пример, кај работниците кои користат полимери на акриламид за третирање на водата во постројките за подготовка на јаглен. Сепак, студиите за оваа изложеност на работното место не укажале на зголемен ризик од рак.