РАТАТУИ Е ЛЕТО ВО ЧИНИЈАТА Го измислиле сиромашните фармери, а денес во него ужива целиот свет

Ова летно јадење доаѓа од француската провинција Прованса чија кујна се карактеризира со употреба на билки и многу зеленчук. Комбинацијата на овие намирници, која денес ја знаеме како рататуи, ја измислиле сиромашните фармери уште во 17 век. Како состојки тие користеле остатоци од зеленчук што не можеле да дозволат да бидат фрлени.

194

Летото носи изобилство од шарени и вкусни зеленчуци на пазарите. Од сочни домати, разновидни тиквички, крцкави пиперки, меки патлиџани, никогаш не е полесно отколку во лето да се јаде здрава и разновидна храна. Едно од јадењата со летен зеленчук кој е сакан во целиот свет е рататуи, јадење што може да се јаде како прилог или како главно јадење.

Шарениот рататуи плени со богатството на вкус и арома, здрав е, нискокалоричен и можете без грижа на совест да уживате во него. Повеќе за подготовката на ова вкусно јадење, како и едноставен рецепт за рататуи, ќе најдете ТУКА.

Поврзани содржини