(ФОТО) ПРОСЛАВА НА ЛУКСУЗНА ЈАХТА Лепа Брена со шампањско му го честиташе 60-тиот роденден на Боба

1,006

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ уживаат на својата 6 милиони вредна јахта пловејќи по Јадранското Море.

Боба вчера го прослави 60-тиот роденден, а судејќи според фотографиите, тој и Брена уживале во интимна роденденска прослава.






Брена објави видео со чаши шампањско и притоа му го честиташе роденденот на својот сопруг.

„Среќен роденден“, објави на својот профил на Инстаграм, а покрај објавата стави и емотикон срце.

Подоцна, Брена објави уште една фотографија, покажувајќи ги своите нозе.

Семејството Живоиновиќ летниот одмор го поминува на својата луксузна јахта.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини