(ФОТО) НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ШТЕТИ ВО ДРАЧЕВО И ВО КИСЕЛА ВОДА Отворени се телефони за пријавување проблеми

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и службите веднаш излегоа на терен, каде на лице место се интервенира со цел што побрзо да им се помогне на жителите.

812

Големото невреме проследено со обилни врнежи од град што попладнево го зафати Скопје, направи големи штети во Драчево и во околината на Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и службите веднаш излегоа на терен, каде на лице место се интервенира со цел што побрзо да им се помогне на жителите.






Како што велат од општината, на располагање стојат и дежурни телефони каде граѓаните кои имаат проблем, можат да се јават и да пријават.

– Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија огромна штета. Имавме доста повици за уништени автомобили и домови каде што веднаш интервениравме. За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен и остануваме таму сѐ додека секој дом не биде овозможен за живеење. Сите служби сме на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на: 071391250 или 070259942. Ние заедно ќе го пребродиме и ова – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини