УКРАИНА УШТЕ ОД ТОНИ БЛЕР БАРАЛА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ, НО… Во 90-тите немало абер дека Путин може да претставува закана!

За ова барање немало голем ентузијазам ниту во Германија и во Франција. Главната пречка била тоа што Украина била опколена со корупција, а бизнисите ги управувале моќни олигарси. На тогашниот украински претседател Кучма се гледало како на корумпиран политичар кој нема баш проевропски аспирации иако самиот тој во 1998 година јасно барал од Тони Блер поддршка за целосно членство во ЕУ.

496

Украинскиот претседател Леонид Кучма уште во 1998 година побарал од британскиот премиер Тони Блер да ја поддржи Украина да добие кандидатски статус во Европската унија, открива Би-Би-Си. Дури, советникот на Блер за Европа тогаш му пренел дека Киев сака посебен однос „само ако покажеме поголем интерес“, откриваат документи од британскиот Национален архив.

Советникот на Блер му предложил да се ангажира за ова прашање.






Кучма му напишал писмо на Блер барајќи поддршка за „целосна европска и евроатлантска интеграција, вклучително и полноправно членство во ЕУ“. Во тоа време Украина тукушто ја имала стекнато независноста од СССР во 1991 година.

Белешката била напишана ракописно од страна на Кучма, а во неа тој го спомнува Блер како „искрен пријател на Украина“.

За ова барање немало голем ентузијазам ниту во Германија и во Франција. Главната пречка била тоа што Украина била опколена со корупција, а бизнисите ги управувале моќни олигарси. На Кучма се гледало како на корумпиран политичар кој нема баш проевропски аспирации.

До декември 2001 година, откако една украинска делегација учествувала во разговорите во Велика Британија, советникот на Блер, Роџер Лидл, изјавил дека Украинците се „депресивни поради тоа што бидуваат уништени од поголемиот дел од Европа и од новата американска администрација “.

На 11 септември 2001 година, кога кулите близначки во САД беа нападнати, па Вашингтон имаше потреба од зелено светло од Москва за да продолжи акцијата во Авганистан. Во тоа време американскиот претседател Џорџ Буш го оцени Владимир Путин за „многу директен и доверлив“ лидер. Тука пропаднала и поддршката од САД за ова прашање.

Катарина Волчук, професорка по источноевропска политика на Универзитетот во Бирмингем, верува дека до 2001 година лидерите на Велика Британија немале големо гајле за идните планови на Русија за Украина, бидејќи претседателот Путин „сè уште беше во расположение дека тој е  евроатлантски сојузник“.

Архивските документи откриваат и дека британскиот амбасадор во Киев, Роланд Смит предупредил дека планот на ЕУ на Украина да ѝ даде статус на „посебен сосед“ заедно со Белорусија и Молдавија е опасен и дека потребно е целосно членство. Тој прашува зошто вакво членство не е во план:

„Затоа што Украина е едноставно преголема? Затоа што навистина мислиме дека Украина треба да се врати во Русија каде што и припаѓа?“

Тој прашал и зошто ова се разликува од планот за земји како Бугарија и Романија, кои на крајот се приклучија на ЕУ во 2007 година.

Во 2004 година, Украинците излегоа на улиците протестирајќи против изборната измама, во Портокаловата револуција во која поддржувачите го поддржаа проевропскиот претседател над кандидатот поддржан од Кремљ.

Демонстрантите сакаа целосно членство, додека Велика Британија и ЕУ им нудеа „придружно членство“. Тоа придружно членство беше потпишано дури во 2014 година, неколку месеци откако тогаш прорускиот претседател на Укриана одби да го исполни, што предизвика револуција што на крај го собори.

И така, речиси 20 години откако Украина побара кандидатски статус за во ЕУ, таа конечно го доби годинава. Што се однесува до членството во НАТО, сојузниците не одредија временска рамка кога таа ќе пристапи во Алијансата.

 

Поврзани содржини