БРЕД ПИТ ВО Ф1, ЛУИС ХАМИЛТОН ВО ФИЛМСКИОТ СВЕТ Се снима филм за Формула 1

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е копродуцент на филмот во кој Бред Пит ја игра главната улога, Филмот се снима во соработка со Формула 1.

1,057

Бред Пит беше забележан во тркачки костум на патеката во Силверстоун, во неделата пред Ф1 трката за Големата награда на Велика Британија. Присуството на славниот холивудски актер на патеката за време на Ф1 трката е поради неговиот нов филм за Формула 1.

Холивудската ѕвезда и неговиот колега Демсон Идрис ги облекоа црно-белите тркачки одела на измислениот тим APXGP и се најдоа меѓу вистинските Формула 1 возачи на патеката во Силверстоун.






Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е копродуцент на филмот на Apple, кој сѐ уште не е насловен, а се снима во соработка со Формула 1, која на проектот му овозможува посебен пристап до тркачките патеки и до возачите.

Бред Пит разговараше со коментаторот на Sky Sports и поранешен возач во Формула 1, Мартин Брундл за неговото искуство.

– Сега ми се врти малку, морам да признаам. Одлично е да се биде овде. Се забавуваме, најдоброто време во мојот живот, изјави Бред Пит во разговар со коментаторот на Sky Sports и поранешен возач во Формула 1, Мартин Брундл, за неговото искуство на патеката.

Откривајќи детали за претстојниот филм. актерот објасни дека неговиот лик е возач во Формула 1, во 90-те години, кој почнал да се натпреварува во други дисциплини откако доживеал „ужасна несреќа“.

Неговиот пријател и тимски шеф, кој го игра Хавиер Бардем, потоа го поканува да се врати за да му помогне на својот тим кој е на дното на табелата. Бред Пит вели дека филмот „треба да биде што е можно поавтентичен“ со оглед на тоа што ангажирале стручњаци за Формула 1 кои „работат како во реалната ситуација“.

Поврзани содржини