ШОЈГУ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО БУНТОТ НА ВАГНЕР Ги посети руските трупи во Украина

Ова е прво појавување во јавноста на рускиот министер за одбрана по бунтот викендов на паравоената група Вагнер.

382

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските трупи вклучени во воената операција во Украина, јавија денеска руските медиуми, и тоа е негово прво појавување во јавноста по бунтот викендов на паравоената група Вагнер.

Платениците предводени од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, напредуваа кон Москва за да го отстранат, како што го нарекоа, корумпираното и неспособно руско воено раководство, пред ненадејно да се упатат назад во областа контролирана од Русија во источна Украина по договорот со Кремљ со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко.

Поврзани содржини