(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА УБИ 31 ЛИЦЕ ВО РЕСТОРАН ВО КИНА Се грееле со течен гас, резервоарот се опожарил

Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот кој се случи во градот Јингчуан, главен град на провинцијата Нингсија.

155

Триесет и едно лице загина во експлозија на гас во ресторан во северозападниот дел на Кина, јави агенцијата ДПА повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа. Резервоарот со течен гас во ресторанот на приземјето експлодирал, а пожарот се проширил и на првиот кат од зградата.

Седум лица се примени во болница поради изгореници и повреди од скршените стакла, додава агенцијата.






Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот кој се случи во градот Јингчуан, главен град на провинцијата Нингсија.

 

Поврзани содржини