(ВИДЕО) ТРЕПКА ЛИ ТРЕПКА ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Кој го крие Буданов и дали е во добро здравје?

За видеото на Твитер се коментира дека можеби е манипулативно или монтирано.

3,202

Одлично работи, во одлично здравје, со добар апетит, вели командантот Јусов за шефот на украинската Главна разузнавачка управа(ГРУ), Кирил Буданов. Според руска Риа Новости напиша дека Буданов бил повреден во гранатирање на Киев и дека се лекува во Берлин.

Украинските разузнавачи пак, од службата ГРУ објавија видео каде Буданов седи на својот стол во кабинетот, не зборува ништо и само трепка, а за да информира дека тој е во добро здравје. За видеото на Твитер се коментира дека можеби е манипулативно или монтирано.

 






Во етерот на украинската телевизија, претставник на специјалната служба ГРУ рече дека тој лично комуницирал со Буданов, кој наводно „е полн со планови, сите на работа“, се соочува со „огромен број задачи“, па има многу малку слободно време.

Сѐ уште нема официјална потврда дали Буданов навистина бил повреден во руското гранатирање на зградата на ГРУ во Киев, од каде наводно преку Полска бил пренесен во германската воена база Рамштајн, од каде се навигира целата војна, за потоа да биде преместен да се лекува во Берлин.

Повредата наводно се случила на 29 мај.

Поврзани содржини