И ВО МАЈ ДВОЦИФРЕНА ИНФЛАЦИЈА Статистика измери 11,3 отсто

На месечно ниво трошоците на животот во мај годинава се повисоки за 0,4 отсто во однос на април 2023 година, додека цените на мало се намалени за 0,9 отсто.

138

Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 11,3 % во споредба со истиот месец лани, а цените на мало бележат зголемување од 7,5 %. На месечно ниво трошоците на животот во мај годинава се повисоки за 0,4 % во однос на април 2023 година, додека цените на мало се намалени за 0,9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во мај 2023 година споредено со истиот месецлани е забележан кај храната од 14,8% и тоа кај чебот и житата ратот е од 20,1%, кај месото од 23,4%, рибата и морските плодови од 10,2%. Пораст на трошоците има и кај млекото сирењето и јајцата од 18,1% и кај заленчукот од 10,5%.






Трошоците на живот кај прехранбените производи за една година се зголемиле за 14,7 %, кај безалкохолните пијалаци за 10,7%, а кај кафето, какаото и чајот за 12%. За една година трошоците за живот скокнале и кај водата за пиење, поправките н домот како и обирањето на сметот како и кај електричната енергија гасот и гругите горива поскапеле за 17,1%.

Од мај лани до мај годинава цените на земјодлеските производи се зголемени за 4%, на индустриските производи за 8,9%, а на индустриските прехранбени производи за 16,2%, а пијалаците за 12,1%.

За еден месец, пак, од април до мај годинава трошоците на живот се зголемиле кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13,3%, свежото и разладеното овошје за 8,5, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2, рибата и морските плодови за 1,6, жестоките пијалаци за 0,8, сирењето и урдата за 0,5, месото за 0,4, кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0,3, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27,2 %, течните горива за домаќинствата за 7,3, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5,5, гасот за домаќинствата за 4,3, цврстите горива за домаќинствата за 3%.

Поврзани содржини