(ВИДЕО) СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО СРБИЈА Повредени се три лица
Експлозијата се случила утрово во фабриката за преработка на дрво во Рума
Во фабриката за преработка на дрво во Рума утрово околу 10.30 часот се случила силна експлозија, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, експлозијата се случила во резервоарот за пилевина.
Во пожарот што избил по експлозијата повредени се три лица, двајца мажи и една жена, кои се пренесени во болницата во Сремска Митровица, објави Танјуг.
View this post on Instagram