(ВИДЕО) ТИМОВИТЕ ЕВАКУИРАНИ ОД ИМОЛА Ризикот од поплави ја загрози и трката во Формула 1

Поради силниот дожд, Ф1 тимовите мораа да ги напуштат боксовите, Ф1 соопшти дека трката е откажана

321

Обилните дождови и поплавите во италијанската провинција Емилија Ромања веќе влијаат на подготовката на натпреварувачкиот викенд во Формула 1 на патеката „Имола“ и го загрозуваат одржувањето на трката во недела.
Поради силниот дожд во вторникот вечерта, Формула 1 тимовите, мораа да ги напуштат боксовите. Во текот на денешниот ден ќе се одлучи дали механичарите ќе можат да се вратат во боксот, за да ги продолжат подготовките за викендот во Имола.

Управата на патеката објасни дека вчерашната евакуација била неопходна превентивно и дека нема директна опасност за екипите и луѓето кои работат во боксовите.






Засега се уште е неизвесно како ќе се одвиваат подготовките во наредните денови и дали временските неприлики го загрозуваат и одржувањето на Ф1 трката во „Имола“. Најавите се дека интензитетот на врнежите ќе се намалува, а ситуацијата на моментално поплавените делови од патеката ќе биде помалку критична.

Во катастрофалните поплави во северна Италија, најмалку три лица го загубија животот, а околу 5.000 лица се евакуирани во областа Емилија Ромања.

Во меѓувреме, од Ф1 официјално беше потврдено дека е откажана трката за Големата награда на Емилија Ромања, која требаше да се одржи во Италија од 19 до 21 мај на култната патека Имола.

– Оваа одлука ја донесовме затоа што не е можно да се одржи безбеден настан за нашите навивачи, за конструкторите и за вработените. Тоа е правилна и одговорна одлука со оглед на ситуацијата со која се соочуваат локалните градови и села. Не би било во ред трката да се одржи во овие услови – пишува во соопштението на Ф1.

Поврзани содржини