ДОЖДЛИВ МАЈ И денеска облаци, ветер и дожд

471

Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне 18 степени, соопшти УХМР.






Од утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Температурата ќе биде во пораст и до петок ќе достигне 28 степени.

Поврзани содржини