ПРЕД ВОЈНАТА РУСКИТЕ И УКРАИНСКИТЕ МАФИЈАШИ БЕА ЕДНО! Еве ги сите лица на шверцот кој води од Авганистан до Урал и од Африка до Европа
А можеби најбитни се пристаништата во Црното Море. Меѓу нив, оспоруваната Одеса, која уште е во украински раце, а Русите ја посакуваат. Одеса била клучната спојка во низата од Авганистан до Андите. Тоа беше дел од „најсилниот криминален екосистем во Европа“, смета тинк-тенкот Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал.
Војната во Украина го подели некогашното единство меѓу руските и украинските мафијаши, а ако потрае може засекогаш да ги смени светските синџири на шверц со хероин, амфетамини, женски чанти…, кратејќи еден познат „руско-украински автопат“. Додека руските мафијаши се врбувани од дворецот во Кремљ преку Турција да трагаат по полупроводници од ретки метали за ракети и мораат да донираат дел од парите на „црни сметки“ со кои заработува Москва, украинските се мобилизирани и не сакаат да бидат предавници, пишува Економист во интригантна сторија.
Војната промени сè создавајќи неприфатлив ризик за меѓународна нелегална трговија, се вели во извештај на американската влада.
„Автопатот“ за кој станува збор сега е низа од полиња за убивање на фронтот. Преку Црното Море стоките одат во два правци. Но, сега има санкции, ограничувања и куршуми.
Најсилниот криминален екосистем
Можеби најинтересeн е престанокот на синџирот за шверц на хероин. Ако војната потрае, тоа може да го смени лицето на глобалниот криминал. Пред војната Украина беше трета по криминал во Европа. Сега е прашање на каде ќе оди.
Тука се клучни пристаништата во Црното Море. Меѓу нив, оспоруваната Одеса, која уште е во украински раце, а Русите ја посакуваат. Одеса била клучната спојка во низата од Авганистан до Андите. Тоа беше дел од „најсилниот криминален екосистем во Европа“, смета тинк-тенкот Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал.
Во обратната насока пак, мафијашите извезуваа оружје во Азија и Африка, особено од пристаништето Миколаив.
Во Одеса дури има и музеј на шверцот!
Александар Отделнов од Одеса поседува негов „музеј за шверц“. Тоа е необина туристичка атракција. Музејот прикажува како шверцот течел низ Одеса уште од 18 век. Прикажани се бисери, пиштоли криумчарени во царска Русија…
– Потоа дојде војната во февруари 2022 година. Пристаништето престана да работи, и сè престана. Не запре само протокот на туристи – вели Александар.
Ние сме против секоја држава, но сме за Украина!
Нема ни кој да работи за мафијата, бидејќи луѓето се мобилизирани во војската.
– Ние сме крадци, ние сме против секоја држава, но решивме дека сме за Украина – вели еден од нив.
Украинските гангстери сега ги избегнуваат своите руски колеги.
– Едно е да те нарекуваат криминалец, сосема друго е да те сметаат за предавник – вели Марк Галеоти, автор на „The Vory: Russia’s Super Mafia“.
Лојалноста кон Украина е поврзана со контрола на ризикот, како и патриотизам.
– Ако бевме припоени кон Русија, многу од момците во затвор може да бидат префрлени далеку. Руските чувари се безмилосни. Никому од нас не му треба тоа. Така, ние ќе ја завршиме валканата работа за Украина – објаснува еден гангстер.

Кокаин и чанти од руските мудреци
Руските мудреци во близина на границата со Белорусија, некогаш маргинални, профитираат од шверцот на луксузна стока во Русија, особено дизајнерски чанти.
Естонските власти кои работат со Европол, полициската агенција на ЕУ, конфискуваа 3,5 тони латиноамерикански кокаин во пристаништето Муга, во вредност од околу половина милијарда евра, минатата година. Блокирањето на украинските пристаништа на Црното Море и зголемените контроли во Западна Европа, исто така, може да ги објаснат големите заплени неодамна направени во Русија. На 10 април властите заплениле речиси 700 килограми кокаин во Москва.
Украина веќе не е прва во трампањето амфетамини и тутуни
Во 2020 година Украина ја престигна Кина и стана најголемиот извор на нелегален тутун во Европа. Локалното производство на амфетамини растеше: таа година беа демонтирани 67 нелегални лаборатории, што е највисока пријавена бројка од која било земја.
Ефектите се чувствуваат на глобално ниво, бидејќи мрежите за шверцување се реконфигурираат за да ја заобиколат Украина. Турските цариници велат дека повеќе хероин и метамфетамин сега тече преку границата со Иран. Литванските гранични власти забележаа четирикратен пораст на нелегалниот тутун во првиот квартал од 2022 година.
Шверц на луѓе, но и на регрути
Но, војната им даде кратка можност за шверц со луѓе на гангстерите. ОН проценува дека околу пет милиони украински бегалци се во „привремена заштита“ во Европа, а нивното статистичко моделирање на историските трендови сугерира дека можеби 100.000 би можеле да станат жртви на трговија со луѓе.
Постои и пазар за шверц на регрути надвор од Украина. Најмалку 8.000 се фатени во обид да ја напуштат земјата, главно за Молдавија или за Полска. Шверцерите наводно наплатуваат од 5.000 евра до 10.000 евра за да те изнесат од Украина.
Сепак, досега обемот на трговија со луѓе не е толку лош како што може да биде. „Тоа се случува“, вели висок функционер на Европол, „но многу помалку отколку што очекувавме“.
Пушките од Југославија хит во Европа!
Пред инвазијата, Украина имаше некаде помеѓу седум и девет милиони парчиња легално огнено оружје. Веројатно, уште толку, нелегално. Земјата сега е уште повеќе преплавена со оружје. Историјата сугерира дека војните поттикнуваат трговија со оружје: пушките од Југославија се користат во насилен криминал низ Европа. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, предупреди дека може да има пораст на трговијата со мало оружје. Досега, сепак, е добро.
– Не гледаме трговија со оружје на систематска или организирана основа – вели претставникот на Европол.
По војната мафијашите ќе удрат на парите за обнова на Украина
Долгорочното влијание на војната врз криминалот во Русија веројатно ќе биде малигно. Руската држава дополнително ги запленува имотите на западните фирми и води матни зделки за да ги заобиколи санкциите. Ова дополнително ќе го засили подземјето и по војната. Ќе расте кронизмот, овојпат, како припадност кон олигархијата.
Но, Украина се соочува со поголем проблем. Во земјата растат мали лаборатории за дрога кои ја испорачуваат преку интернет или пошта. Ова е лесна мета за мафијата. Истовремено, кога војната ќе заврши големи пари во форма на кредити или грантови веројатно ќе бидат истурени во Украина за земјата да се крене на нозе од пепелта.
Минатиот месец Светската банка процени дека трошоците за обнова на Украина ќе изнесува 411 милијарди долари, вклучувајќи 92 милијарди долари за транспорт и 69 милијарди долари за домување. Тука мафијата може да ја одигра својата улога. Во проектите за обнова на земјата, тендерите за нови патишта, јавни системи, субвенции и лиценци, сето тоа ќе биде мета на алчните за пари.
Украина има шанса да го избели своето лице
Сепак, постои можност ова се смени. Украина во декември донесе нацрт-закон за реформирање на урбаното планирање. Со законот власта ќе се пресмета со градежната мафија.
Во јануари Зеленски отпушти четворица заменици министри и пет регионални гувернери поради мито, според Ројтерс.
– Секој внатрешен проблем што ѝ штети на државата се расчистува – рече тој.
Надворешниот притисок може да помогне: тие средства за реконструкција, најверојатно, ќе доаѓаат главно од странци и ќе доаѓаат со одредени обврски. Евентуалното членство на Украина во ЕУ е сè уште многу години далеку, но процесот на приближување кон нормите на ЕУ е лост со кој земјата може да се бори против организираниот криминал.
Државата доби кандидатски статус во јуни минатата година.
Конечно, Украина може да е прикаже себеси како борец против корупцијата по војната и да добие ветар во грбот од Западот.
Има шанса земјата да престане да биде рај за некогашното пријателство и братство меѓу украинските и руските гангстери.
РУТАТА КОЈА ЈА СПАСИ РУСКАТА НАФТА Путин сосем легално ги прескокнува санкциите