ПРОИЗВОДИТЕ НА ВИТАМИНКА НА САЕМОТ ISM ВО КЕЛН Можности за присуство на нови пазари

Саемот ISM ги спојува сите релевантни целни групи, како малите и средните компании, но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни биле повеќе од 1.200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет.

92

Витаминка го претстави својот асортиман на саемот ISM во Келн, Германија, еден од најважните настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата.

– ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекуваните придобивки. Дополнително, како компанија од Македонија со претставувањето на производите на Витаминка го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта – изјави Љупчо Велески, директор на извоз во Витаминка.






Саемот ISM ги спојува сите релевантни целни групи, како малите и средните компании, но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни биле повеќе од 1.200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет.

Поврзани содржини