ЖЕНАТА ШТО ГО ИСКАРА ПРЕМИЕРОТ БИЛА АКТИВИСТКА НА ВМРО-ДПМНЕ? Блиската средба изгледа не била случајна
Името Ацка Станишева се споменува и во решението на Општина Карпош од февруари 2013 година во кое е објавен составот на избирачки одбори за локалните избори кои се одржаа во март таа година.
Жената која денеска храбро влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој пазареше во еден од скопските маркети, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева.
На фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.
На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за политичка партија.
Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.
Името Ацка Станишева се споменува и во решението на Општина Карпош од февруари 2013 година во кое е објавен составот на избирачки одбори за локалните избори кои се одржаа во март таа година.
Станишева била избрана за членка на избрачки одбор како претставник на ВМРО-ДПМНЕ на избирачко место со број 2647.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска по третпат во рок од неколку дена влезе во продавница да испазари, но и за да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени продукти.
– Ве молам, кој може да преживее со пензија од 12.000 денари? Цените се кренати до плафон, со два денари макарони и јајца на 99 денари и сега ги замрзнавте цените. Што е, тоа е поевтинување? Многу тежок дојде животот па не можеме да купиме ниту лекарства – му рече пензионерката на премиерот.