НЕ СМЕ ПОКАНЕТИ Меџити вели дека в понеделник ќе има собир на „артанисти“

Меџити нема да учествува на собирот, бидејќи тоа, како што вели, е собир организиран со притисоци врз гласачите што ги подели.

540

Потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити се изјасни за собирот организиран од Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, за кој тој водеше кампања со парите на Албанците и кој, според него, е обид да се оправда незаслужената позиција што ја има.

Меџити нема да учествува на собирот, бидејќи тоа, како што вели, е собир организиран со притисоци врз гласачите што ги подели.






– Не сме поканети. Тоа е собир на „артанисти“. Ја тероризираа јавната и државната администрација, добиваат списоци со закани кој ќе учествува. Ќе се носат од сите градови, секаде – рече потпретседателот на ДУИ.

Инаку, во понеделник во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, во 19 часот, Артан Груби и неговата извршна власт ќе одржат собир со присуство на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Поврзани содржини