ГРОМ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ОХРИДСКО Огнот угаснат, објектот целосно уништен
Не е познато дали има повредени лица и дали имало некој во куќата, во моментот кога избувнал пожарот.
Куќа во охридското село Ливоишта изгоре синоќа во пожар што избувна откако во неа удри гром, јавуваат локални портали.
На самото место интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и екипи на доброволно противпожарно друштво од Дебрца, кои успеале да го изгаснат пожарот, но објектот е речиси целосно уништен.
– Благодарност до членовите на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца кои помогнаа во санирањето на штетите од овој пожар – велат од Противпожарната бригада на Охрид.
Засега не е познато дали има повредени лица и дали имало некој во куќата, во моментот кога избувнал пожарот.