КОЛКУ ЖИВОТОТ НИ СЕ ВРТИ ОКОЛУ ХРАНАТА? Замислете да нема пиење кафе, чај, смути, да нема храна, пазарење, готвење, миење садови…
Дали некогаш сте апстинирале од храна и пијалаци барем еден ден? Замислете, се будите наутро и не пиете ниту кафе, ниту чај или смути или што и да ви е веќе дел од утринската рутина. Одите на работа, се враќате, нема салата, нема ручек, нема ни солено ни благо, ни готвење ни јадење, ни миење садови, ни трчање по продавници… ама дали имате сила за нешто друго? Дали би пробале? Aјде да видиме колку животот ни се врти околу храната
Што се случува кога еден човек, од различни причини, ќе престане да јаде? Ако се прашувате зошто некој намерно би го направил тоа, сетете се дека некои го прават ова од верски причини, како што е тоа токму деновиве (Тримери), на почетокот од Велигденскиот пост кога не се консумира никаква храна, ниту течност.
Некои престануваат од очај, испробувајќи сѐ што ќе слушнат за време на борбата со некоја малигна болест, а некои пак затоа што се бретаријанци, односно, практичари на филозофијата според која луѓето можат да живеат само од светлина или прана и дека таквата „диета“ е достапна за секого штом ќе помине низ почетниот процес.
Верници кои редовно ги постат сите пости, па и Тримери, на прашањето како издржуваат 3 дена без храна и пијалаци, а сепак си ги извршуваат секојдневните работни обврски, велат дека физички и немаат голем проблем, но дека е исклучително тешко ослободувањето од секојдневните навики, на пример, пиењето чаша вода и шолја кафе наутро, ручекот со семејството, средбата со пријателите или со колегите заради некој работен договор, без кафе на маса и уште куп други ситуации кои се секогаш поврзани со консумирање храна и пијалаци.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.