ПЛАНОТ ЗА КОСОВО НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН Борел вели „Лајчак десет пати беше до Приштина, осум пати до Белград“
Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во тој период отпатува десет пати во Приштина и осум пати во Белград и ова е првпат лидерите на Србија и на Косово да разговараат за предлогот во живо, изјави Борел.
Текстот на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина наскоро ќе биде објавен на веб-страницата на ЕУ, изјави шефот на европската дипломатија по вечерашната средба со Александар Вучиќ, со Албин Курти и со Мирослав Лајчак во Брисел.
Тој изјави дека во креирањето на документот учествувале највисоките претставници на сите 27 земји-членки на Европската унија, како и членови на Европскиот совет.
– Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, во тој период отпатува десет пати во Приштина и осум пати во Белград и ова е првпат лидерите на Србија и на Косово да разговараат за предлогот во живо – изјави Борел.
Тој објасни и дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализација на односите.
Борел оцени дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност и дека се согласиле да го спроведат планот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
– Овој предлог е во корист на граѓаните на Косово и Србија. Ќе им помогне на луѓето да можат нормално да се движат користејќи пасоши, лични карти и регистарски таблички. За да можат да студираат и да работат без разлика дали нивните дипломи се проблем – изјави Борел по средбата.