СИН НА ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕР „ПАДНА“ ПРИ РАЦИЈА Му била пронајдена дрога
Велковски беше директор на БЈБ во време на владата на Зоран Заев, а беше разрешен откако медиумите објавија дека неговата ќерка со службено возило била на летен одмор во Грција.
Син на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски синоќа бил приведен во полицискa акција во еден познат скопски локал во Капиштец, откако кај него била пронајдена дрога, објави „Фокус“ повикувајќи се на извори во МВР.
Велковски беше на оваа функција во време на владата на Зоран Заев, а беше разрешен откако медиумите објавија дека неговата ќерка со службено возило била на летен одмор во Грција.